Магазин

Тамара ја раскина свршувачката

Тамара ја раскина свршувачката

Тамара Тодевска ја раскинала веридбата со кошаркарот Александар Димитровски Мачка и свадбата е откажана, пренесува порталот „ За забава“ повикувајќи се на извори блиски до двојката.

Тамара пред неколку дена се иселила од заедничкиот дом каде што живееле со Александар и се вратила кај мајка ѝ.

Пејачката во септември минатата есен ја изненади јавноста со својата неочекувана свршувачка, со оглед на тоа што никој не ни претпоставуваше дека е во љубовна врска.