Тамара на свадбата ќе има две старосватици

Тамара Тодевска која неодамна се вери со  Aлександар Димитровски Мачка веќе на големо се подготвува за свадбената веселба која што ќе се случи во јуни, идната година.

Како што пишува весникот Вечер, кум на свадбата ќе биде Перо Антиќ, а пејачката решила наместо една, да има дури две старосватици.

– Со оглед на тоа што не можев да се одлучам која од другарките да ми биде старосватица, решив да имам две. Дозволено е и со закон, па така Катерина Ивановска и Александра ќе бидат сведоци на мојата љубов со Мачка, откри Тамара за Вечер.

Во моментов двојката живее заедно во станот на екскошаркарот во Центар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.