Тамара Тодевска повторно е бремена

Македонската поп-ѕвезда Тамара Тодевска е бремена по вторпат. Популарната пејачка ја потврди убавата вест за „Женски Магазин“.

Точно е. Се` уште не знаеме дали е момче или девојче, ама пресреќни сме. Хана ќе си има друштво – вели таа.

Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитровски првпат станаа родители во април 2016 година.