Танц по улиците на Скопје на музика на Боуви

Танц по улиците на Скопје на музика на Боуви
Танц по улиците на Скопје на музика на Боуви

Во ритамот на музиката на неодамна починатата музичка ѕвезда Дејвид Боуви, на 24 април ќе се танцува на улиците на Скопје и на плоштадот Македонија. Парадата на танцот со наслов “Танцуваме со ‘Виталиа'” ќе почне напладне. Организаторот, манифестацијата “Танц фест”, ги поканува сите танцови студија, танц-ентузијасти, а наедно и сите граѓани, без разлика на возраста, професијата, верата, националната припадност, да се приклучат во танцувачкиот спектакл.

Целта е преку танцот да се ослободиме од секојдневните стресови, да се забавуваме и заедно танцувајќи, да го возбудиме духот на градот. Бројот и возраста на учесниците не се ограничени. Пожелно е секој да осмисли костим, шминка, маска, реквизит со кој ќе предизвика внимание и ќе придонесе за подобра забава, велат организаторите.