Танчарките од „Еурека“ се вратија со седум први награди од Виена

Изминатиот викенд (17-ти и 18-ти февруари), дел од членовите на денс студио „Еурека“ од Скопје, беa дел од меѓународниот натпревар во Виена, „Виена денс опен”.
На натпреварот кој се одружуваше на три сцени истовремено, земаа учество околу 2000 илјади учесници од Европа.

Членовите од „Еурека“ се натпреваруваа во 11 категории во хип хоп, стрит денс и модерен балет и освоија вкупно 7 први места, три втори и еднo петто место што е огромен успех за сите нас.

За кореогафиите и успешното претставување на овој натпревар се погрижија Теодора Јолакоска, Иван  Ангелковски и Јана Андрејевиќ кои се дел од тимот на инструктори, кореографи во „Еурека“.