Танчерка открива каква личност е Бијонсе

Таа е светска ѕвезда од највисок ранг – убава, богата, жена која има сè. Да, станува збор за Бијонсе. Но, една од танчерките околу неа ја открива нејзината страна на приказната за славната пејачка. И да, тоа е онаа меѓу нејзините нозе.

После одржаните MTV VMA награди и понатаму често се пишува и зборува за настапот на Бијонсе, со кој таа ги воодушеви фановите, гледачите и медиумите. А на својот Инстаграм профил за тоа проговори и една од нејзините танчерки и го сподели своето искуство со славната дива.

Мора да знаете дека и пред самиот настап се одржуваат безброј проби во секакви услови, за сето да биде совршено. Така, во салата во Лос Анџелес, каде се одржуваше доделувањето, температурата беше исклучително ниска, како во фрижидер, а танчерките мораа да бидат полуголи и многу трпеливи.

„Почнавме со проба и едноставно почнав да се тресам. Морав да се потпрам на ногата од Бијонсе и почнав да замислува топли плажи и сонце. Бијонсе одеднаш ја стави раката на мојот ладен грб и ми рече ’Ох, кутро сираче, жал ми е што е толку ладно’, и цело време ме загреваше со дланките врз грбот додека не почна шоуто. Е тоа е мајчински инстинкт. На неколку секунди почувствував како ѝ е на Блу Ајви секој ден. Затоа мојата награда оди за Бијонсе, прекрасна изведувачка, уметничка, мајка“, напиша танчерката Линти Нгујен.

„Ме нарекуваат пејачка, но јас сум тука да трансформирам, да ја впијам тагата и неудобноста, загубата на оние кои ме слушаат го ставам во песните. Мојата ќерка е мојата најголема инспирација. Постои нешто многу поголемо од нас самите“, порача и самата Бијонсе во најновиот број на CR Fashion Book списанието.