Македонија

Играорка од „Танец“ во болница – ја искасале пеперутки во Охрид

Играорка од „Танец“ во болница – ја искасале пеперутки во Охрид
Играорка од „Танец“ во болница - ја искасале пеперутки во Охрид

Играорка на „Танец“ вчера добила алегиска реакција откако била искасана од пеперутки, кои цела ноќ ги имаше низ Охрид, објави порталот „Охрид 1“.

Од интерното одделение при болницата за Охрид1 го потврдиле настанот. Од таму велат дека жената имала алергиска реакција, но било интервенирано и избегнат бил несакан исход.

Охрид минатата ноќ беше преполн со некоја врста на бели ноќни пеперутки кои до сега не се забележани во толку големи роеви, а речиси сите улични светилки беа прекриени со пеперутки.

фото: Охрид 1