Балкан

Тања Фајон: Бројот на азиланти загрижува, можна е суспензија на безвизниот режим

Тања Фајон: Бројот на азиланти загрижува, можна е суспензија на безвизниот режим

Опасност од суспензија секако дека постои, бидејќи бројот на азиланти се’ уште е на загрижувачко ниво. Но, во овој момент не се знае дали земјите од шенген зоната ќе побараат активирање на механизмот за било која земја од западен Балкан, рекла евро парламентарката Тања Фајон.

Таа, во разговор за агенцијата „Анадолија“ потсетила дека механизмот за суспензија на безвизниот режим стапува на сила на почетокот на следната година.

Европската унија неодамна ја усвои можноста за суспензија на визната либерализација во случај кога кај одредени земји ќе дојде до драстично зголемување на нелегалните мигранти.