Тања Фајон: Јасно е кој е победник, а бојкотот на СДСМ не води кон напредок

Ниту европските социјалдемоктати не го  поддржуваат бојкотот на опозициската СДСМ на последните избори во земјава. Европратеничката Тања Фајон, за Канал 5 вели дека изборите во Македонија биле фер и демократски. Фајон алармира дека многу е важно што поскоро да се формира новата влада за Македонија да продолжи со обврските кои ги има. Идентично како и  мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, и европратеничката  нема дилеми дека  граѓаните јасно избрале кој треба  биде новиот мандатар.

„Јасно е дека партијата на Никола Груевски е победник на изборите. Со внимание го следиме составувањето на владата. Се плашиме дека ситуацијата се комплицира, се надевам дека коалицијата ќе биде направена што побрзо оти политичката нестабилност во државата ќе го забави решавањето на името, европската интеграција како и  економските и  социјални политики“, вели Фајон.

Словенечката европратеничка поосчува  проблемите да се решаваат преку дијалог, бидејќи  кога има бојкот,  тоа значи дека  работите нема да одат напред.