Македонија

Тантаров: Земјоделците во минатото служеа за робови, оваа Влада им ги решава проблемите

Тантаров: Земјоделците во минатото служеа за робови, оваа Влада им ги решава проблемите
Тантаров: Земјоделците во минатото служеа за робови, оваа Влада им ги решава проблемите

Во стариот систем македонските земјоделци на поранешните власти им служеа како робови само да го полнат буџетот за нивните потреби. На нивна адреса беа доставени стотици барања, последници чаршафи со даноци беа некаде околу 25 даноци, објави порталот „Курир“.

Ова го вели претседателот на Сојузот на земјоделци на Македонија Вељо Тантаров кој додава дека во оваа Влада ги решаваат дури и најгорливите проблеми кои ги имаат.

Оваа состојба со промената на системот полека се надминува. Од 2006 година наваму, ние како Сојуз на земјоделци со премиерот Груевски имаме повеќе средби и разговори околу решавањето на најтешките проблеми што беа од стариот системот. На овој план побаравме да се намали ДДВ на сета земјоделска механизација, ѓубрива, хемиски препарати, семе и ред други, и да претрпи измени законот за персонален данок со кој се воведуваше дека ако земјоделецот земе сто денари, само 35 денари му се трошок, а 65 денари му се чиста добивка. Тоа никаде го нема во светот. Чекор по чекор овие проблеми се надминаа, ДДВ од 18% е намален на 8 проценти и таков данок сега во земјите што не опкружуваат не постои, истакнува Тантаров.

Тој вели дека оваа Влада го исполнила и излегла во пресрет и за нивното последно барање.

Наше барање беше да се реши проблемот со пензиите на земјоделците, односно да се најде модел да им се излезе во пресрет на оние земјоделци кои од ’78 до ’88 година плаќаа пензиско осигурување, а некој од тогашните власти се погрижи и оваа мерка да ја укине. Владата тоа наше барање го прифатила и сметаме дека до крајот на овој месец ќе биде реалност, сите тие земјоделци сега ќе можат тие 10 години да си ги искористат за остварување на право на пензија, посочува претседателот на Сојузот на земјоделци на Македонија, Вељо Тантров.