Магазин

Тапанарот на Дип Парпл ќе дава бесплатни лекции по свирење

Тапанарот на Дип Парпл ќе дава бесплатни лекции по свирење

Ијан Пајс, тапанарот на британската хард рок група Дип Парпл ќе го пренесува своето знаење во рамки на настанот National Learn to Play Day, чија цел е да поттикне поединци заинтересирани за свирење на инструментот, да се обидат во тоа со помош на искусниот учител, пишува Класик Рок Магазин.

Тапанарот часови по свирење ќе дава во продавницата за тапани DrumWright во Вудли во сабота, на 21 март, почнувајќи од пладне.

Иако лекциите на Пајс повеќе се наменети на искусни тапанари, продавницата од 10 до 17 часот ќе дава воведни совети за почетници.

На часот можат да дојдат сите, без претходна резервација. Пајс вети дека ќе ги сподели советите за своите најдобри техники, вклучувајќи рол во една рака, по кој е познат.

National Learn to Play Day, четврта година по ред го организира хуманитарната организација Music for All во партнерство со музичките продавници во Велика Британија и во соработка со уште неколку музички здруженија.