Тарагона домаќин на ASOBAL Суперкупот

Првиот трофеј во сезоната на шпанскиот ракомет ќе биде доделен во Тарагона. Официјална е инфирмацијата дека арената во Тарагона ќе биде домаќин на ASOBAL Суперкупот помеѓу Барселона и Грањолерс на 31 август од 17 часот. „Тарасо арена плаза„ која собира околу 5.000 гледачи, ќе биде поприште на дуелот на двата каталонски ривали или на шампионот и финалистот на Купот на Кралот од минатата сезона.

Оваа арена во 2017 година ќе биде домаќин и на Медитеранските игри и организацијата на оваа манифестација е еден вид промација на тој голем настан. Кирил Лазаров и Барселона го бранат трофејот освоен минатата година со победата против Натурхаус ла Роха.