Тарантино се вери со израелската пејачка Даниела Пик

Американскиот режисер Квентин Тарантино во петокот се верил со израелската пејачка Даниела Пик, со којашто бил во врска, но поради кариеата ја прекинал пред осум години, соопштија во неделата медиумите.

Даниела е ќерка на познатиот израелски музичар Цвика Пик, а за новинарите изјавила „Вистина е, двајцата сме среќни и многу возбудени“. „О да, семејството е весело. Вчера се верија и им честитаме. Мазел тов“, рекол таткото Пик.

Славниот американски режисер 54-годишниот Квентин Тарантино и 33-годишната Даниела Пик врска ја започнале уште 2009 година. Се запознале во текот на посетата на Тарантино на Израел каде што го промовираше својот филм „Немилосрдни гадови“.

Две седмици подоцна Даниела го придружуваше на црвениот тепих во Лос Анџелес, но романсата траеше кусо и набргу потоа ја прекинаа врската.

Тарантино во разговорот за списанието GQ во 2009 година изјави дека намерно ја жртвувал врската со Даниела за да се фокусира на својата кариера. Тогаш рече и дека верува оти конечно запознал некого со кој се гледа во иднината но врската се распаднала бидејќи тој на неа не бил подготвен.

Во летото 2016 година повторно се видени заедно откако режисерот најави дека планира да се пензионира кога ќе ги заврши двата филма на коишто работи.

Тарантино често зборуваше дека има намера да направи само десет филмови. Меѓутоа, 2014 година рече „Ама тоа не е запишано на камен, тоа е само план… Планирам да застанам по десеттиот, но и во 75-та може да се одлучам да имам уште да кажам“.

„Не велам дека нема никогаш да се венчам или дека нема да имам деца пред шеесеттата. Но тое беше мој избор… да продолжам по овој пат сам. Бидејќи ова е мое време, време за создавање филмови“, рече за GQ.

Очигледно конечно дошло време и за сериозна врска. Доколку таа биде и озаконета, ќе биде прв брак за Тарантино.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.