Тарантино знаел за валканиците на Вајнстин, но ги одмолчувал

Режисерот Квентин Тарантино (д) прозборе за сексуалните злоставувања од неговиот пријател и продуцент Харви Вајнстин (л)/Jerod Harris/Getty Images

Прославениот филмски режисер Квентин Тарантино изјави дека знаел како кон жените се однесува неговиот близок соработник и влијателен холивудски продуцент Харви Вајнстин, како дека сега жали поради тоа што на сексуалните вознемирувања и напади не реагирал и затоа што тогаш ништо не открил.

Квентин Тарантино е еден од најблиските соработници на Харви Вајнстин со кого соработувал на бројни филмски проекти. Јавноста досега претпоставуваше дека славниот режисер знаел како продуцентот се однесува кон вработените и актерките. Сега Тарантино го потврди тоа, признавајќи дека му е жал што не сторил ништо да го спречи натамошното злоставување на жените од Вајнстин. Потврди и дека знаел оти зборувањата за Вајнстин не се прикаски од втора рака.

„Знаев доволно… и можев да сторам повеќе. Да го сторев она што требаше да го направам, не би соработуал со него, вели Тарантино во интервјуто за весникот The New York Times изнесувајќи некои конкретни случаи, додавајќи дека и за недоличното однесување на Вајнстин слушнал многу порано.

Првите тврдења за сексуалните вознемирувања и силувања од страна на Вајнстин на почетокот од октомври ги објавија весниците The New York Times и The New Yorker, а потоа многу актерки јавно се осмелија да проговорат. Написите придонесоа и за оцрнување на Демократската партија, бидејќи влијателниот продуцент бил голем донатор, вклучително и на проектите и кампањите на поранешниот претседател Барак Обама, како и на неуспешната кандидатка на ланските претседателски избори, поранешната прва дама и поранепна државна секретарка Хилари Клинтон.

Меѓу жртвите од сексуалните напади на Вајнстин е и поранешната девојка на Тарантино, актерката Мира Сорвино којашто му се пожалила на тоа, но режисерот тврди дека тогаш не верувал дека неговиот пријател би сторил такво нешто отворено.

„Јас ги маргинализирав тие приказни. Сега да кажам што и да е, би звучело само како изговор“, вели Тарантино.

Режисерот и продуцентот ја започнаа соработката во 1992 година, кога Вајнстин го продуцираше и го дистрибуираше филмот „Reservoir Dogs“. Ја продолжија соработката на „Pulp Fiction“, „Kill Bill“, „Inglorious Bastards” и „The Hateful Eight”, анеодамна Вајнстин за добриот пријател Тарантино ја организраше веридбата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.