Таравари ги обвинува Спасовски и Зечевиќ за притискот врз гласачите

Ноќта пред состанокот каде беше избран претседател на Советот, Насер Муслиу, министерот за внатрешни работи, Олевер Спасовски, дојде во Гостивар и ги повика турската и ромската партија и им кажа доколку помине Арбен вие ќе си имате проблеми, изјави во емисијата Клик Плус, Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и поранешен министер за здравство

Таравари вели дека се соочувал со голем притисок од страна на СДСМ на терен, каде целата партиска и државна инфраструктура била ставена на располагање на ДУИ против него, како кандидат за градоначланик на Алијансата на Албанците.

„Дали е коректно во кампања, премиерот директно да дојде во Гостивар и да каже овој ќе стане ова, оној она, јас ќе станам премиер. Мислам дека и според препораките на Прибе не е коректно ова“, вели Таравари.

Како што рече Таравари, во екот на изборите Спасовски дошол во Гостивар со братот на претседателот на штабот на СДСМ, Новица Зечевиќ.

„Тие една недела се шетале во Гостивар и им се јавувале на луѓето со закани, кажувајќи им да не гласаат за Арбен, и тоа за време на изборите“, рече Таравари.

Перецизира дека во периодот од 22-ри до 29-ти цело време бил во Гостивар и им се заканувал на луѓето, вели Таравари, како и дека комплетниот државен систем бил ангажиран.

„Слично нешто се случи и во Струга“, вели Таравари. Веднаш по изборите, неговиот партиски лидер, Зијадин Села, исто така,констатираше дека изборите не биле фер и дека не ги признава.