Таравари отвори училиште – таблата е само на албански јазик

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари отвори училиште во селото Форино,
Гостивар на кое, спротивно на законот, стои табла испишана само на албански јазик.
Според Законот за употреба на јазиците, што на 11 јануари беше изгласан во
Собранието во член 7 од Законот, гласи:

„(1) Називите на институциите од член 1 став (3) и член 2 став (3) од овој закон, како и
сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локалната
самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од
македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско
писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо како и
на англиски јазик. Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на
македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв.

(2) Во подрачните канцеларии на органите од државната администрација кои покриваат
најмалку една единица на локална самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните
зборуваат јазик различен од македонскиот, називите на канцелариите ќе се напишат на
македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборуваат најмалку 20%
од граѓаните и неговото писмо.