Таравари: Полицијата и криминалните структури работеа во полза на Невзат Бејта во Гостивар

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар, во вчерашното гостување во емисијата „Во Центар“ на телевизија Алфа истакна дека во Гостивар се случувало големо кршење на изборните процедури и дека полицијата на Спасовски и криминалните структури постојано биле присутни во партискиот штаб на неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта.

„Сѐ што беше криминално, со полиција беше на располагање на Невзет Бејта. Целата полиција беше во штабови на Бејта. Стоеа полицајци коишто беа цивилно облечени во штабот на Бејта“, додаде Таравари.

Според него, додека криминалците и полицијата биле ставени на располагање на Невзат Бејта, неговата партија Алијансата на Албанците била составена од луѓе коишто се кредибилни во Гостивар.

Таравари потенцираше дека според него, предвремените парламентарни избори кои се одржаа минатата година на 11-ти декември биле многу подобро организирани за разлика од овие локални избори кои што ги спроведуваше СДСМ.