Тарчуловски и УМС на ВМРО-ДПМНЕ во хуманитарна акција

Јохан Тарчуловски заедно со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска беа во хуманитарна акција и ги посетија дечињата во интернатот „Гоце Делчев“ во скоското село Љубанци.

„Среќа е кога знаеш дека си ги усреќиш другите, особено кога предизвикуваш искрена детска насмевка“, изјави Тарчуловски.

Во интернатот беа донирани се шкафчиња и телевизор.

Унијата на млади сили уште еднаш покажа и докажа дека хуманоста нема граници.

Тие постојано спроведуваат вакви акции со цел да им подари среќа и насмевка на најмладите.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.