среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 25

„Таргет“ новиот случај на СЈО

„Таргет“ е најновиот случај што го покрена Специјалното јавно обвинителство, а кој се однесува  на незаконското следење на комуникациите во период од 2008 до 2015 година.

133441789

Поврзани вести

Предмет на истрагата е кој, на кој начин и со кои средства вршел незаконското следење на комуникациите. Мотивите за прискушувањата, како што рече обвинителката Фетаи, треба да го покаже истрагата.

Осомничени се 10 лица од кои тогаш, а дел и сега се вработени во УБК од највисоките раководни истраги до најниските ешалони. Се товарат за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Таа појасни дека доказите со кои располагаат упатуваат на основано сомнение дека преку системите во УБК од 2008 до 2015 година незаконски се следени 5.827 телефонски броеви. Во тој период во уптреба биоле три различни системи за следење на комуникациите.

На прес-конференција денеска во Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Катица Јанева истакна дека денешната истрага е резултат на повеќемесечна работа на целиот тим обвинители, истражители, информатичари, стручна служба и администрација.

Таа додаде дека во текот на предистражните постапки што се водат во СЈО во овој момент се собрани доволно материјални и вербални докази за да се отвори истрага.

Јанева потенцира дека со незаконското следење на комуникациите од 2008 до 2015 година нне се почитувани ниту приватноста, ниту била гарантирана тајноста на комуникациите на граѓаните загарантирани со Уставот.

Појасни дека државата во одредени околности има право законски да навлегува во приватноста на граѓаните, но, тоа, рече, треба да се спроведува согласно прецизна правна рамка која треба да биде спроведена од лица овластени за тоа.

Јанева потренцира дека никој нема да ја обесхрабрува ниту да влијае на исполнување на мисијата на СЈО дадена од граѓаните.

Специјалното јавно обвинителство досега покрена истраги за случаите „Тортура“, „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Тврдина“, „Трезор“ „Топлик“ и „Тендери“.

Најчитани вести