Македонија

протест вмро-дпмне Тасев: Тие што убија невини луѓе се на слобода, а они кои ја пееја македонската химна се во затвор

Тасев: Тие што убија невини луѓе се на слобода, а они кои ја пееја македонската химна се во затвор

Вечерва сме тука сите собрани да дадеме поддршка кон патриотите кои што неправедно се затворени, кои што оваа ненародна власт која велеше нема правда нема мир ги стави зад решетки за да ги исполнат нивните планови  да ја обезличат Македонија, ова на вечерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда го истакна Зоран Тасев.

„Денеска сме тука и не е важна температурата, секој ден ќе бидеме тука. Денеска е голем христијански празник Света Пречиста, сите оние кои што се грешни прво нека се пречистат па нека се прекрстат и да се помолат затоа што господ ќе им прости затоа што прават една голема историска неправда, затвораат патриоти браќа и сестри. По оваа улица велеа ‘нема правда, нема мир’“, епа, ајде да ги анализираме овие два збора: Дали ова е нивната правда? Тие што во рацете зедоа оружје и убија невини луѓе се на слобода, а тие кои што ја пееја македонската химна се во затворКаде овде е правдата? Го прашуваме Министерството за правда“, порача Тасев.

Додадеа дека актуелната власт згрешила во една работа, таа мислела дека македонскиот народ можат да го заплашат и можат да го скротат и смират овој народ, но таа власт се лаже.

„Тие ја одбраа најлошата метода, метода на прогони, обвиненија, и притворање, па македонскиот народ за што друго знае? И пак сме тука и пак ќе бидеме. Тие одбраа грешна метода, затоа што шепотот ќе се претвори во ехо, а ехото во грмеж овде на оваа улица ќе се грми „Македонија“. Оваа држава е Македонија и се вика Македонија и така ќе остане“, потенцираше Тасев.