вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 54

Ташевска Ременски бара одговорност од Спасов и Поповски

Ташевска Ременски најави и кривични пријави за Поповски и дополнителниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов и побара тие да се повлечат од функциите што ги извршуваат, поради незаконското работење поврзано и со сообраќајната несреќа во која учествувал и Спасов.

133411485

Последни вести

Министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски денеска изјави дека во МТСП не постојат документи со кои би се докажале тврдењата на директорот на АВРМ Влатко Поповски оти постои договор со кој расположливи службени моторни возила од Агенцијата се ставаат на располагање на Министерството. Според неа, Правилникот на АВРМ не дава можност тој да дал овластување за користење на возилата на лица кои не се вработени во Агенцијата.

Ташевска Ременски најави и кривични пријави за Поповски и дополнителниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов и побара тие да се повлечат од функциите што ги извршуваат, поради незаконското работење поврзано и со сообраќајната несреќа во која учествувал и Спасов.

– Од интерес на угледот на МТСП и АВРМ и спречување на секаков обид за прикривање и уништување на службена документација во институциите, Диме Спасов и Влатко Поповски да ја преземат одговорноста за нивното неодговорно и несовесно работење и да се повлечат од функциите што ги извршуваат, рече Ташевска Ременски.

Тврди дека во МТСП нема документ дека АВРМ ги дала на располагање возилата на Министерството и оти за управување со нив се дадени и овластувања.

– Минатата година во септември се склучени договорите со кои се извршуваат одлуките на Владата за отстапување на четири возила од Министерството на АВРМ без надомест. Доколку постоел некаков докумет кој е склучен после овие договори тогаш службите во МТСП ќе ги имале тие документи, рече Ременски.

Вели дека во прилог на тоа дека возилата не се дадени на МТСП се и последните пописи во кои тие возила не се попишани, како и тоа дека во полисата за осигурување на автоодговорност на возниот парк на Министерството за 2016 година овие возила не фигурираат. – Тоа значи дека тој што ја направил регистрацијата на овие четири возила во април, а тоа е АВРМ, ги осигурил како сопствени возила, рече министерката.

Додаде дека од Правилникот на АВРМ може да се види дека ниту еден член не постои можност директорот да овласти, да оттуѓи или да стави на располагање возило на лице кое, како што рече, не е вработено во АВРМ на неколкуте позиции на кои согласно правилникот им е дадено право на службено возило и тоа во работно време од 8:30 до 16:30 часот.

– Дополнително на ова ниту Поповски ниту Спасов не може да оттуѓуваат движни и недвижни ставри без одлука на Влада. Затоа и да се појави сега некој документ, тоа би значело дека тој е антидариран и неважечки бидејќи не поминал на седница на Влада, рече Ташевска Ременски.

Вчера попладне Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) соопшти дека во октомври 2015 година склучила Договор со Министерството за труд и социјална политика согласно кој му отстапува расположливи технички средства, меѓу кои и расположливи службени моторни возила, освен возила кои се донација од ЕУ, а ото за користење и управување со овие возила на Агенцијата, директорот издал и соодветни овластувања.

Најчитани вести