Тасевски најнова аквизиција на Бангкок Глас

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Тасевски и официјално е преставен како најнова аквизиција на тајландскиот прволигаш Бангкок Глас.

“„Драго ми е што сум во Тајланд. Ова е прв пат како доаѓам во оваа земја за која сум слушал од мојот сонародник Марио Ѓуровски. Зборував со Ѓуровски околу тоа што може да очекувам во тајландскиот фудбал, и го гледам тоа како голем предизвик и ново искуство за мене. Знам дека квалитетот на лигата расте од година на година, и тоа е тоа што и мене ме привлече тука“, изјави Тасевски на официјалната прес-конференција.