„Тата“ предупредува: Кинескиот челик ја „убива“ Европа

Пазарните услови во Британија значително се влошени во вториот квартал поради падот на цената на челикот и евтиниот увозод Кина , објави индиската компанија „Тата“.

Индискиот произведувач на челик „Тата стил“, филијала на индустрскиот конгломерат „Тата груп“ и најголем произведувач на челик во Британија, укина илјада раони места од 2007 година, а минатиот месец соопшти дек ќе укине околу 1.200 работни места во две фабрики во Бритнија.

Компанијата соопштила дека поради проблемите во Британија имала трошоци од 1,3 милијарди долари.

„Нашиот резултат од работењето оваа година е негативен, што ги отсликува големите предизвици во глобалната индустрија на челик, вели директорот на „Тата“ за Европа, Карл Келер.

Британската индустрија за челик се бори за опстанок во светот на големи предизвици на пазарот. Оваа индустрија има клучна улога во рамнотежата на стопанството. Европската комисија треба да направи многу повеќе на полето на неправеден увоз, бидејќи нејзиното нереагирање се заканува да ја доведе во прашање иднината на целата европска индустрија на челик.