Татко и син прегазени во сообраќајка кај Волково

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 20:30 часот кај Волково, во која се повредени две лица, објави Курир.

Според информациите, несреќата се случила откако возач на автомобил Опел Астра со скопски регистерски таблички изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во таткото и деветгодишното дете кои се движеле по тротоар.

Повредените татко и син се пренесени на Ургентиот центар во Скопје и се надвор од животна опасност.

По несреќата, детето во бессознание било префрлено на Ургентниот центар, додека неговиот татко останал заробен под автомобилот и барал помош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.