Татко и син загинаа од струен удар

Семејна трагедија се случи во селото Сушица во саботата вечерта кога синот сакал да му помогне на таткото кој претпрел струен удар во бањата.

Вечерта околу 21 часот во селото Сушица, Општина Ново Село, 54-годишнот И.П., додека се туширал во бањата од неисправна електричната инсталација добил струен удар и починал на самото место.

Откако тоа го забележал неговиот син, 30-годишниот М.П., сакајќи да му помогне на својот татко и тој добил струен удар и починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и од ЕВН.