Татко ја силувал малолетната ќерка во Велес

Велес во шок, татко ја силувал својата малолетна ќерка. Како што пишува Вест, се работи за монструм од Велес кој веќе е во притвор.

Предметот е во Основното јавно обвинителство Велес и по него се постапува. Против едно лице се води постапка за кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата. По поднесен предлог на надлежен обвинител , Судот изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена. Истражната постапка е во тек, информираат од Обвинителството за Вест.

Според информациите на весникот, настанот се случил на почетокот од месецов, во едно велешко село каде што таткото, кој имал 40-ина години, ја обљубил 14- годишната ќерка, ученичка во основно училиште. Таа следниот ден настанот го раскажала на мајка си, која пријавила во полиција.