Татко на девет деца дознал дека е неплоден

Маж од Мароко, татко на девет деца, неодамна поднел барање за развод откако после рутинска контрола дознал дека е неплоден.

На мажот кој во мароканското гратче Сиди Слимана работел како професор животот му го променила една посета на уролог. Лекарот на неговиот тестис открил мала циста, по што му објаснил дека ја има долго време.

Откако лекарот го испратил на дополнитлени испитувања се испоставило дека цистата е безопасна, но дека мажот е стерилен скоро цел живот. Проблемот е што во време кога професорот дознал дека е стерилот тој веќе бил 35. години во среќен брак со сопругата која му родила девет деца.

Пред поднесувањето на барањето за развод професорот направил уште неколку тестови кои потврдиле дека е неплоден и дека никако не може да биде татко на тие деца.Анализите покажале дека цистата кој го прави стерилен на неговиот пенис била подолго од 50. години.

Прељубата во Мароко е казнива па на неговата сопруга и се заканува и затворска казна доколку се докаже вината, пишува Oddity Central.

Откако дознал за неплодноста, освен што побарал развод од жената, се одрекол и од сите родителски права кон децата.