Балкан

Татко преку Скајп ја продавал ќерката за 5.000 евра

Татко преку Скајп ја продавал ќерката за 5.000 евра

По  анонимната дојава полицијата успеала да ја спречи веќе договорената продажба на 15-годишно девојче од Железник, Србија, коешто нејзините родители се обиделе да го продадат преку интернет за 5.000 евра, пишува српски „Курир“.

– Не повика еден човек и не праша дали може да пријави случај за трговија со мелолетно лице, но да остане анонимен. Тој раскажал дека присуствувал во моментот кога се водел разговорот помеѓу таткото на девојчето и соседите и дека слушнал како таткото договорил продажба на својата ќерка. Ни даде податоци, адреса, видовме дека случајот е сериозен и ги известивме Центарот за социјални грижи и Обвинителството, велат од полицијата.

Полициската истрага утврдила дека семејството неколку месеци пред тоа било во Австрија и Германија, каде кажале дека „има момче, но ја чека вистинската прилика“.

– Таткото преку Скајп во неколку наврати говорел за продажбата на неговата ќерка и мажачката во Шведска. Буквално разговарале со таткото на младоженецот, а цифрата била  5.000 евра. Тие почнале да ги договараат деталите за свадбата и патот на девојчето во Шведска, велат во полицијата.

Таткото тврдел дека овие обвинувања не се точни и дека само се шегувал.

фото: Reuters