Балкан

Татко си го убил синот со убоди од нож

Татко си го убил синот со убоди од нож

Татко со нож си  го избодел својот син синоќа, во Смедерево.  Полицијата го приведе осомничениот за убиство на синот.

Како што информираат од полицијата, на убиството му претходела кавга во семејната куќа, по која што осомничениот со нож го нападнал синот и му задал неколку убодни рани.

Од последиците на ранувањето синот  починал на самото место.