Татко си ја силувал 12-годишната ќерка во Куманово

Ф.Д. (24) од Куманово синоќа пријавила во полиција дека нејзината дванаесетгодишна внука и кажала дека нејзиниот татко М.Д. во нивната семејна куќа, пред околу 10 дена со сила имал сексуални односи со неа.

Девојчето од страв не смеело никому да каже ниту случајот да го пријави во полиција. Кога отишла Ф.Д. на гости детето и се доверило и кажало што се случило по што настанот бил пријавен во полиција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.