Taтко си ја тетовираше главата поради неговиот син

Дваесет и осумгодишниот Џош Маршал од американската сојузна држава Канзас го воодушеви светот со тоа што се избричи „лустер“ и си истетовира лузна на главата.

Креативниот млад човек тоа го направил поради неговиот осумгодишен син, кој боледува од редок вид тумор наречен Анапластичен астроцитом. Овој потег имал за цел зацврстување на самодовербата кај детето.

Таткото се фотографирал и сликата ја испратил на натпревар организиран по повод Денот на татковците од страна на здружението за помош на деца заболени од рак „Сент Болдрик“. Фотографијата собрала над 5.000 гласови и Џош ја добил титулата „најдобар ќелав татко“.

– Би сакал да им се заблагодарам на сите што гласаа за мене, но јас не сум ништо подобар од останатите татковци на овој натпревар, сите ние би направиле се за своите деца, така што  сите сме победници, напиша грижливиот татко на Фејсбук.