Македонија,Крими хроника

Татко си ја застрелал ќерката во Гостивар

Татко си ја застрелал ќерката во Гостивар

Шеснаесетгодишно девојче вчеравечер сама се пријавила во гостиварската болница, каде било утврдено дека со пиштол е застрелана во рамото.

Дежурниот лекар веднаш го пријавил случајот во полиција. По преземените мерки утврдено е дека девојката со повредите се здобила во семејниот дом во Гостивар, поточно била застрелана од нејзиниот татко М.Ф. (38).

По извршениот претрес, во домот на М.Ф. бил пронајден и одземен пиштол „Црвена Застава“ кал.7,62 мм и една рамка со осум куршуми  и друг пиштол „Црвена Застава“ кал.9мм – оружје од кое се сомнева дека е пукано.

Увид извршила екипа од ПС-Гостивар. По целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.