Таткото на удавените сириски деца е криумчар на мигранти?

Абдулах Курди, таткото на удавените сириските деца, всушност е шверцер на луѓе, тврди Заинаб Абас, жената која била во истиот чамец и која во трагедијата ги загубила двете деца. Таа тврди дека Абдулах го возел пренатрупаниот чамец.

Мажот на кој му платив за патот ми рече дека сме сигурни затоа што возачот ќе не пази затоа што и тој ги пренесува својата жена и две деца, вели жената која и самата изгуби две деца.

Таткото на удавените сириски деца е криумчар на мигранти?
Таткото на удавените сириски деца е криумчар на мигранти?

Таа вели дека чамецот се движел пребрзо, а Абдулах тврди дека тој почнал да го управува, откако капетанот скокнал во морето и побегнал.

Ние бевме петмина, и ни рекоа дека во чамецот ќе не има шестмина, а всушност во чамецот имаше 14 луѓе“, вели Абас која сега е во Ирак.

Медиумите објавија шокантна фотографија на удавеното сириско момче Ајлан како лежи на плажата во Турција. Во несреќата загинаа и неговиот брат петгодишниот Галип и мајката Рехан (35).

Таткото подоцна ги врати телата на синовите и сопругата на границата меѓу Турција и Сирија и таму ги погреба. Чамецот од Турција требало да стигне во Грција.

Тетката на момчето Тами за медиумите изјави дека собирале пари за да Абдулах, неговата сопруга и децата ги префрли во Европа, а подоцна и во Канада каде што живее таа.

 

Трагичната приказна на двете сириски деца што се удавија крај сирискиот брег, проследете ја на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.