Татко убил седум исисовци како одмазда дека го погубиле син му

Шеесетгодишниот Ирачанец Рамадан Басил со калашников убил група милитанти на контролен пункт во Тикрит, град северозападно од Багдад што сега е под контрола на ИСИС, пред и самиот да биде застрелан, во знак на одмазда поради погубувањето на неговиот син.

Синот на Рамадан, Ахмед Басил, 18, беше еден од осумте мажи што ИСИС ги погуби во јануари, а ги обвини за инфилтрирање во организацијата и шпионирање во корист на ирачката влада.

ИСИС објави фотографии од видеото со погубувањето на Ахмед Басил Рамадан и седуммина други, за кои се наведува дека се полицајци, обвинети за пренесување информации за Исламска држава до ирачката влада.