Таткото и синот кои ги сопна унгарската снимателка пристигнаа во Германија

Сириецот Осама ал Абд ал Мохсен, кој е фудбалски тренер и неговиот седумгодишен син, кои се најдоа во центарот на светската јавност откако беа објавени снимките на кои се гледа како на унгарската граница ги сопнува снимателката Петра Ласло, безбедно пристигнал во Германија.

Тие во саботата пристигнале во Минхен, а патувале 12 дена од Турција до Германија.

-Еден дел од патот го поминавме со автобус, а друг дел пешачевме, кажал тој.

Спомнувајќи се на немилиот настан кој се случи на српско – унгарската граница, Мохсен кажал дека во еден момент толпата станала фрустрирана и дека не им било дозволено да поминат.

-Ситуацијата беше хаотична, луѓето почнаа да се буткаат. Не видов кој ме бутна, дали тоа беше полицаец или камерман. Само паднав на земја, држејќи го синот во рацете, раскажал тој.

osama1

Додал и дека преноќил кај пријател во Минхен, а дека планира да смести во хотел.

-Во иднина сакам да ја донесам и мојата сопруга и другите деца. Не сакам да патуваат како мене, туку тоа да го сторат по легален пат, кажал Мохсен, наведувајќи дека во Сирија живееле најнормално се додека не почнала војната.