Таткото на Ајлан ги молел сопатниците да не ја кажуваат вистината

Таткото на Ајлан допливал до брегот и ги преколнувал сопатниците да не ја кажуваат вистината за тоа која била неговата улога во трагедијата што го потресе целиот свет.

Таткото на Ајлан Курди, момчето чија фотографија од смртта на плажата во Турција го помина и го шокира светот, е всушност човекот што со чамец го однел сопствениот син во смрт, тврди еден од патниците на чамецот.

Курди го возел чамецот за време на кобното патување

Амир Хајдер, 22-годишниот Сириец го повтори обвинувањето дека Абдула Курди, кој во хаваријата ја загуби сопругата и двајцата синови, го контролирал чамецот во моментот на неговото превртување и потонување. Минатата седмица уште една од патничките Заинаб Абас која исто така ги загуби синот и ќерката во кобната несреќа, прва изјави дека таткото на Ајлан е одговорен за несреќата. Нејзините тврдења Курди веднаш ги демантираше.

Таткото на Ајлан ги молел сопатниците да не ја кажуваат вистината
Таткото на Ајлан ги молел сопатниците да не ја кажуваат вистината

Само неколку дена откако Курди се врати во Сирија во родното Кобане каде го погреба семејството, неговите сопатници почнаа да изнесуваат обвиненија против него.

Ахмед Хади Џавад и неговата сопруга Заинаб Абас, чиишто деца исто така се удавија во несреќата, тврдат дека Курди паничел и забрзал кога бранот удрил во чамецот.

Приказната на Курди не е вистинита. Незнам што го натера да лаже. Најверојатно стравот. Тој го возеше чамецот од самиот почеток на пловењето до потонувањето на чамецот, раскажува Џавад.

Тој додава дека Курди допливал до неговото семејство и го преколнувал никому да не кажуваат која била неговата улога во инцидентот, пренесуваат медиумите.

 

Приказната за удавените сириски момчиња проследете ја на следниот линк.