Таткото на Бумедиен шокиран откако на ТВ видел дека ќерка му е поврзана со терористите

Таткото на најбараната жена во Франција во моментов, Хајат Бумедиен сам се јавил во полиција тврдејќи дека на фотографиите објавени во медиумите е неговата ќерка, пишува Дејли Меил.

Мохамед Бумедиен се јавил во полиција само неколку часа откако ја видел фотографијата на неговата ќерка на телевизија, која беше објавена откако нејзиниот сопруг изврши убиство врз полицајка, и зема во заложништво четири лица во Париз.

Татакото изјавил дека е шокиран од поврзаноста на неговата ќерка со терористите. Засега се верува дека таа ја напуштила Франција и побегнала во Сирија.

Според соседите, таткото се заклучил во својот стан, го исклучил телефонот, а цело време се слушало дека плаче извикувајќи:

„Незнам дали е мртва или жива.“

Таткото, која работел како доставувач изјавил во полицијата дека незнаел ништо за „плановите“ на неговата ќерка и дека бил шокиран од се што се случило. Во полиција тој бил испрашан, а веднаш потоа и ослободен.