Таткото на Цеца задржан во притвор

Додека српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ уживаше на одмор во Кипар нејзиниот татко беше задржан во полиција. Како што дознава српскиот портал „Ало“ 67-годишниот Слободан Величковиќ беше задржан во притвор затоа што во четвртокот попладне бил затекнат како вози пијан.

За време на контрола на возачите, полицијата го сопрела белиот автомобил недалеку од автобуската станица во Житораѓа, со кој што управувал Величковиќ. На полицијата веднаш и’ било сомнително однесувањето на возачите па побарале да му направат алко-тест. Сепак, тој веднаш одбил, па полицајците биле приморани да го однесат во полициска станица.

ceca-tatko

Инаку татко и на Цеца во 2012-тата година помина една ноч во полиција откако предизвика сообраќајна несреќа. Беше задржан за да се истрезни откако било утврдено дека вози со 1,22 промили алкохол во крвта. Во инцидентот немаше повредени.

Величковиќ во четвртокот бил задржан до еден часот по полноќ, по што бил пуштен дома.