Таткото на Хрватот киднапиран од ИСИС: Син ми само заработуваше леб за своите деца

Таткото на Хрватот киднапиран од ИСИС: Син ми само заработуваше леб за своите деца

Златко Салопек, таткото на Хрватот Томислав Салопек, кој во Каиро беше киднапиран од есктремистите на ИСИС, повикува киднаперите да го ослободат неговиот син.

„Ги повикувам луѓето кои го чуваат мојот син да го вратат на неговото семејство, бидејќи неговиот мотив да оди во нивната земја беше исклучиво заради леб за своите деца и ништо друго“, рекол Салопек за АФП, во семејната куќа во Врпоље.

Во видеото објавено во средата човекот кој се претставува како Томислав Салопек, кој работи во Египет за фрацуска геолошка истражувачка компанија, CGG, прочита од лист дека ќе биде погубен во рок од 48 часа доколку египетската влада не ги ослободи муслиманките на ИСИС од затвор. Салопек не рече од кога почнува одбројувањето.

Триесет и тригодишниот Томислав Салопек, кој е сопруг и татко на две деца беше киднапиран на 22. јули од страна на синајскиот огранок на Исламска држава. Се верува дека тој е првиот странец кој милитантите во Египет го киднапирале, и сега му се закануваат со смрт.

Колкави се шансите киднапираниот Хрват да биде ослободен?

Се сомневам дека египетските власти ќе почнат да ги исполнуваат барањата на терористите, вели др. Иван Ивековиќ, долгогодишен професор на Американскиот универзитет во Каиро, за хрватски „Јутарњи“.

Во затворите во Египет се наоѓаат најмалку 40.000 зтвореници, а најмалку третина од нив се жени, во најголем дел муслиманки, вели професорот.

Терористите во видео снимката многу неодредно бараат во замена за животот на Томислав Салопек, од затвор да се пуштат „муслимански жени“. Медиумите шпекулираат дека се работи за 14 жени уапсени кон кракот на 2013. година и осудени на 11 години затвор, поради припадност на Муслиманското братство во Египет.

Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!

Нејасно барање

Ако навистина се работи за тие жени, тоа ја прави работата крајно нејасна, бидејќи организацијата на Исламскиот калифат, синајската организација, ни на кој било начин не е поврзана со Муслиманското братство, кои водат сопствена војна против египетската држава, вели Ивековиќ.

Поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси, кој е урнат во воен удар, бил кандидат на Муслиманското братство. По неговото симнување од власт, организацијата е прогласена за терористичка, лидерите се уапсени, некои од нив се во бегство, а и понатаму се апсат пониските структури на организацијата.

Не е јасно зошто синајската организација се залага за жените од Муслиманското братство, особено поради тоа што поединци од оваа организација кои избегале, упорно ги осудуваат акциите на ИСИЛ, вели професорот.

Тој се сомнева дека ќе се пронајде начин да се ослободи заробениот Хрват, бидејќи власта во Египет не е склона кон удоволување на барања од кој било. Тој истакнува дека во моментот им се суди на голем број новинари на „Ал Џезира“ и на други медиуми, од кои многу се странски државјани, поради обвинение дека во Египет организирале терористички келии.

Ивековиќ: Се сомневам дека ќе се пронајде начин да се ослободи заробениот ХрватИвековиќ: Се сомневам дека ќе се пронајде начин да се ослободи заробениот Хрват

Нема попуштање

И покрај големите притисоци на странските влади, египетските власти не ги ослободуваат. Зошто тогаш би одговориле на барањата на терористите?, се прашува професорот Ивековиќ.

 

 

 

Пoврзани вести: