Таткото на Небојша Ројко: Ако мојот син ја убил Јелена, лично ќе му пресудам

Полицијата во населбата Црвенка вчера го приведе Игор Ројко (33) додека роднините и пријателите на гробиштата Збег во Борча се простуваа од брутално убиената Јелена Крсмановиќ.

Приведениот, кој живее недалеку од местото каде Јелена исчезнала е пуштен на слобода неколку часа подоцна. Тој бил испрашуван во војтво на граѓанин, а не како оомничен.

Полицијата се уште трага по неговиот помлад брат Небојша, со прекар Вихор.

јелена

Таткото на упасениот, Франц Ројко дал изјава за српски Курир:

-Беше полицијата со неколку автомобили. Двaесетина полицајци и инспектори ја пребараа целата куќа, гаражата и помошните згради, а кога завришија со тоа, го приведоа мојот син. Имам уште еден син, помлад, и него го бараа, но тој утрово замина од дома и не знам каде е.

Ројко вели дека знае што и се случило на пејачката на „Гранд“, но дека не верува дека неговиот син е монструмот кој ја убил.

-Мојот син е ситен крадец. Поголем дел од својот живот го помина во затвор. Не верувам дека тој е поврзан со убиството, но ако тоа го сторил, јас ќе бидам тој кој лично ќе му пресуди – изјавил Ројко.

Во дворот на Ројко има куќа и гаража, а зад гаражата има мост преку каналот кој води до насипот по кој трчала Јелена. Тој мост е одалечен неполн километар од местото на злосторот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.