вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 45

Таткото на протест против Груевски, синот на фудбал со Груевски

На протестите организирани од СДСМ изминатиов период во првите редови може да се забележи и Гоце Јовчев (во маица со лого на СЈО), кој инаку е татко на познатиот македонски голман Гого Јовчев.

Таткото на протест против Груевски, синот на фудбал со Груевски

Таткото на протест против Груевски, синот на фудбал со Груевски

Поврзани вести

Додека таткото секојдневно протестира низ скопските улици и е дел од таканаречената “шарена револуција“ на опозицијата, неговиот син редовно игра фудбал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Имено, на протестите организирани од СДСМ изминатиов период во првите редови може да се забележи и Гоце Јовчев (во маица со лого на СЈО), кој инаку е татко на познатиот македонски голман Гого Јовчев.

За разлика од неговиот татко, голманот Јовчев кој од неодамна е и нов тренер на голманите во сениорската фудбалска репрезентација, редовно може да се забележи на партија фудбал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

fudbal-gr-8-640x427

И вчера попладне, Груевски со своите пријатели и сопартијци изигра партија фудбал во салата „Јане Сандански“ во Аеродром. На спортското дружење можеа да се забележат и пратеникот Влатко Ѓорчев, лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Неловски , директорот на УЈП Кирил Миновски, градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски, директорот на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Иво Котевски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, заменик-министерот во МИОА Тимчо Муцунски, професорот на ДИВ Зоран Радиќ, Драги Митевски- Пикси, Звонко Златановски, Драги Михајлов, другари од детството на Груевски и други.

Најчитани вести