Таткото на убиецот во Орландо: Господ ќе им суди на хомосексуалците

Таткото на убиецот во Орландо: Господ ќе им суди на хомосексуалците
Таткото на убиецот во Орландо: Господ ќе им суди на хомосексуалците
Седик Матен, таткото на масовниот убиец Омар кој во ноќта помеѓу саботата и неделата направил масакр во геј клуб во Орландо, тврди дека неговиот син не бил радикализиран, ниту бил симпатизер на ИСИС.

Седик  рекол дека дивеењето го растажило и дека не знае зошто неговиот син го извршил нападот во кој се убиени 50 луѓе и изразил неверица што неговиот син ја превзел врз себе одмаздата против геј заедницата. Исто така рекол дека  во секој случај бог ќе ги казни сите хомосексуалци.

Овој случај го доведе под лупа семејството на убиецот Омар. Така, откриено е дека неговиот татко неодамна го посетил американскиот Конгрес и во Вашингтон се сретнал со политичките лидери.

Исто така е откриено дека Седик редовно му пишувал отворени писма на претседателот на САД Барак Обама и дека води емисија наречена „Дуранд Јирг Шоу“ која ја објавува на Јутјуб.

Во таа емисија зборува за низа политички теми, а под негово име се објавени неколку десетици снимки. На една дури објавува кандидатура за претседател на Авганистан.