Таткото на Владе Дивац загина во сообраќајна несреќа

Миленко Дивац (77) татко на прославениот српски кошаркар и претседател на Олимпискиот комитет на Србија, Владе Дибав загина денеска околу 16 часот во сообраќајна несреќа на патот Чачак-Ужице. Автомобилот, од засега непознати причини, излетал од патот.

Миленко Дивац починал во болница како последица од повредите, додека неговата сопруга Рада (72) која управувала со возилото, е потешко повредена. Таа е надвор од животна опасност.