Таткото на загинатото дете од Србија сакал да се обеси

Самохраниот родител кому детето му загина пред два дена, откако паднал шпорет врз него, сакал да си го одземе животот, раскажува сестрата на очајниот татко Драган Милиќ од Сопот.

„Драган секогаш беше покрај синот. И кога одеше на работа го земаше со себе. Мајката ги остави веднаш откако се породи. Бебето се роди предвреме и тежеше само еден килограм, затоа што мајката пиеше алкохол за време на бременоста.Таа беше дојдена од Неготино со уште неколку деца“, раскажува сестрата на Драган Милиќ.

Братучедот на Драган раскажува дека кога се случила трагедијата, таткото на 4-годишното дете сечле дрва со моторна пила позади куќа, а кога забележале дека детето го нема почнале да го бараат.

„ Го баравме низ дворот мислејќи каде би можел да отиде, Драган кога му ги виде нозете потиснати под шпоредот. Кога го подигнавме, детето лежеше неподвижно. Му дававме вештачко дишење, ама џабе“, вели братучедот на очајниот татко.