Таткото виновен за смртта на 5 годишната ќерка кај Демир Капија

капија

Ова е одлука на Основниот суд во Кавадарци, откако Димитров го признал делото тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот. Судот одлучил обвинетиот да го ослободи од казна бидејќи, според образложението, ,,кривичното дело е сторено од небрежност и последиците од делото – загубата на неговата ќерка, го погодуваат така тешко што изрекувањето казна во овој случај не би одговарало на целта на казнувањето“.

Сообраќајката се случи на 13 март годинава на верскиот празник Прочка, во 14 часот и 50 минути на патот Прилеп-Градско, пред крстосницата за селото Дреново. Автомобилот „форд фиеста“ со велешка регистрација, со кој управувал Димитров, изгубил контрола, удрил во брегот од десната страна и се превртел.

целиот текст прочитајте го на Телеграф