петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 14

Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ од 4 до 11 септември

По повод канонизацијата на Мајка Тереза во Скопје од 4. до 11 септември,ќе се одржи татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“.

proslava-majka-tereza

Поврзани вести

По повод канонизацијата на Мајка Тереза во Скопје од 4. до 11 септември,ќе се одржи татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“.

Прогласувањето за светица на Мајка Тереза ќе биде на 4 септември во Ватикан од страна на папата Франциско.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека претставува голема чест и гордост што Мајка Тереза е родена во Скопје и е наша сограѓанка и што имаме можност да го чествуваме нејзиното дело и да ја шириме хуманоста и љубовта.

Координативното тело за одбележување на „Денови на св. Мајка Тереза“ работи веќе подолго време со цел канонизацијата да се одбележи на највисок можен достоен начин, што треба да биде својствен за едно вака високо чествување и одликување на светицата Мајка Тереза, изјави Трајановски.

Посочи дека Градот Скопје за централното одбележување на 11 септември има одвоено милион денари, а покровител на координативното тело за одбележување на „Денови на св. Мајка Тереза“ е претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска потсети дека спомен Куќата на Мајка Тереза годинава е прогласена за куќа со најмногу посетитетели во Македонија и дека на 4 септември од страна на папата Франциск нашата сограѓанка Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица.

Во духот на она што го правеше во светот, а тоа беше обединување на љубовта и добрината во едно. Во тој контекст е и програмата од 4 до 11 септември, во која ги обединуваме сите групи. Од најмалите, возрасните, до хуманитарните акции, МАНУ, УКИМ и до сите релевантни организации и институции кои сесрдно влегоа во чествувањето на татковинската прослава за Мајка Тереза, изјави Божиновска.

Бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов посочи дека ако сакаме да го сумираме и опишеме целиот живот и порака на Мајка Тереза во два збора, тоа се зборовите бог и љубов, бидејќи Бог за Мајка Тереза е центар на нејзината егзистенција, додека љубовта е нејзината порака.

На 4 септември Католичката црква организира во капелата на Мајка Тереза во спомен куќата света миса во знак на една благодарност, додека на 5 септември организира целодневно обожување. Секој ден имаме света миса во Катедралата во рамки на Деновите на Мајка Тереза. Секој граѓанин е повикан да дојде заедно да се помолиме, сите ние веруваме во еден господ, изјави Стојанов.

Посочи дека традиционално секоја година на 8 септември во катедралата „Своето Срце Исусово“ во Скопје се одржува Света Миса за татковината по повод Денот на независноста на Република Македонија.

Во сабота на 10 септември имаме света литургија предводена од белградскиот надбискуп Станислав Хочевар, а веднаш по тоа и бдеење. Значајната прослава понтификална света миса ќе се одржи во недела на 11 септември на плоштадот Македонија предводена од специјалниот папски кардинал сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ, на која свое обраќање ќе има и покровителот на манифестацијата, изјави Стојанов.

Најчитани вести