Таубате, претставник на Јужна Америка во Доха

Бразилскиот тим Таубате е победник на панамериканскиот ракометен турнир на шампионите, и со тоа учесник на IHF Супер Глоб во Катар во август оваа година. На Барселона на Кирил Лазаров, која ќе ја брани титулата освоена минатата година, ќе и се приклучат Етуал од Тунис, Ел Џаиш од Катар и актуелниот првак на Европа Фленсбург.

Таубате оваа година беше домаќин на панамериканскиот клубски ракометен турнир. Во конкуренција на чилеанскиот претставник Лутерано, аргентинските тимови Колехио Вард и Сагвиња Балесте, како и бразилскиот Пињеирос го освои првото место и ќе го претставува својот континент втора година по ред во Доха. Последната дилема е кој ќе ја претставува Австралија, а голем фаворит е минатогодишниот учесник на IHF Супер глоб, Сиднеј.