Економија

ТАВ очекува 1,5 млиони патници годинава

ТАВ очекува 1,5 млиони патници годинава

Вкупно 1,5 милиони патници за годинава од двата македоснки аеродроми, очекува менаџментот на „ТАВ Македонија“.Во тоа ќе придонесат  петте нови дестинации од Скопје и двете од Охрид, кои од средината на годинава ќе ги воспостави „Визер“, како и уште неколку нови рути од „Александар Велики“ кои се во најава.

Менаџментот на „ТАВ Македонија“  информираше дека за пет години колку што управува со македоснките аеродроми бројот на патници го зголемил за 75 отсто, а бројот на авиолинии го зголемил за 17 нови.

Од 729.297 патници во 2010 година лани вкупната бројка достигна 1.278.343 патници. На скопскиот аеродром растот на превезени патници е за 76,7 отсто, од 684.905 во 2010, на 1.210.509 минатата година.

Од Скопје може да се лета кон вкупно 26 дестинации во Европа и една кон Дубаи.

Во последните пет години вкупниот карго-сообраќај на двата аеродроми во Македонија, според статистиката, се зголемил за 57 проценти. Карго сообраќајот во минатата година на скопскиот аеродром се зголемил за 33 проценти или од 2.686 тони во 2013, лани авионски биле превезени стоки тешки 3.580 тони.

Според статистиката на ТАВ Македонија, моментно најфрекфентна дестинација од аеродромот во Скопје е Истанбул, со 15,7 отсто пазарен удел. Топ-држави со директни летови се Турција (17,25 отсто пазарен удел), Германија (14,46 отсто), Швајцарија(13,75 отсто), Шведска (11,52 отсто), Австрија (8,2 отсто) и Италија (7,6 отсто).