Свет

Тажна исповед: „Исламистите на Боко Харам ме претворија во машина за секс“

Тажна исповед: „Исламистите на Боко Харам ме претворија во машина за секс“

Дваесет и тригодишната Асабе Алиу од Нигерија, која е мајка на четири деца ја раскажува својата тажна приказна – исламистите од „Боко Харам“ ја киднапирале пред шест месеци и ја претвориле во машина за секс.

По серијата силувања од различни мажи секој ден, таа била принудена да се омажи за еден од исламистите.

Асабе го раскажала тоа пред нигерискиот весник “Дејли тајмс”:

-Тие ме претворија во машина за секс. Постојано ме силуваа. Сега јас сум бремена и не знам кој е таткото. Кога  бев бремена, тие ме тераа да им готвам, рекла Асабе.

Од групата од 534 девојки спасени од ропството на “Боко Харам”, 214 се бремени и многу од нив се преплашени дека носат бебињата на своите тепачи. По примерот на Асабе, многу од нив биле третирани како “секс робинки” од екстремистите. Жените биле држени во шумата Самбиса пред владините сили да ги нападат екстремистите и да избегаат, оставајќи стотици жени да се снаоѓаат сами. Околу 700 жени се ослободени од канџите на терористичката група во последниве недели. Тие биле држени во ужасни услови, откако биле киднапирани од нивните домови.