Тажна вест: Почина музичарот Јанко Узунов

Ненадејно денеска, во шеесет и третата година од животот почина музичарот Јанко Узунов.

Тој во текот на сета своја богата музичка кариера во македонската јавност беше доживуван како „момчето со мандолината“, според хитот што во 1976 година го испеа со Цветанка Ласкова на Фестивалот во Опатија.

Јанко Узунов починал неочекувано, во Берово, на семеен одмор. Тој е роден во 1951 – та година во Валандово, а музичката кариера ја започнува на почетокот на седумдесеттите години на минатиот век со првата снимка, “Магдалена”, песна на Димитар Масевски.

Последните години Јанко Узунов беше насочен на работата на своето приватно училиште по гитара.